Поврзете се со нас

Формула 1

Ферстапен ја доби почетната битка со Норис и стигна до победа на Каталуња

Објавено

на

Foto:x.com/F1

Макс Ферстапен го загуби првиот дуел со Ландо Норис на вчерашните квалификации, но денеска беше максимално фокусиран на стартот и тоа ја направи главната разлика на трката за Големата награда на Шпанија.

Светскиот шампион не е доминантен во Формула 1 какошто беше на стартот на сезоната, меѓутоа и во таква ситуација пронаоѓаа вистински рецепт за победа, нешто што се случи и ова попладне.

Норис имаше лош старт и од првото падна на третото место, а тоа им овозможи на Расел и Ферстапен да го поведат караванот на почетокот на трката. Возачот на Ферари имаше вонсериски старт и напредуваше три позиции, но сепак во вториот круг беше престигнат од Макс кој веднаш реагираше откако се активираше ДРС системот.

Возачот на Ред Бул веднаш почна да прави разлика и да се одлепува, а тактиката со две влегувања во бокс се покажа како добитна и победничка на денешната трка.

Норис успеа да се приближи на крајот и да заврши втор зад Ферстапен, додека наместо Расел, на победничкиот подиум се најде искусниот Луис Хамилтон.

Расел заврши четврти и со тоа се покажа дека Мерцедес сериозно напредуваше во Шпанија, нешто што не може да се каже за Ферари, тим чии возачи завршија на петтото и шестото место (Леклер и Саинц).

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни