Поврзете се со нас

Формула 1

Ферстапен излета по судирот со Хамилтон, трката на Силверстоун прекината (Видео)

Објавено

на

Формула 1 трката на патеката Силверстоун е прекината по само неколку круга и тоа поради инцидентот во кој учествуваа Макс Ферстапен и Луис Хамилтон.

Актуелниот шампион го нападна Ферстапен уште од стартот и веќе во првиот круг дојде до контакт меѓу двата болида.

Ферстапен остана без тркало и заврши во заштитната ограда, а барем привремено инцидентот го искористи Шарл Леклер кој го презема водството, додека се чини дека Хамилтон без големи оштетувања на болидот продолжи на второто место.

Трката наскоро беше прекината и допрва ќе продолжи, а стјуардите најавија истрага за инцидентот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни