Поврзете се со нас

Формула 1

Ферстапен избори пол-позиција, Мерцедес најголемо изненадување во квалификациите во Мелбурн

Објавено

на

foto: https://twitter.com/f1miami

Макс Ферстапен извозе најбрз круг во квалификациите за Формула 1 трката во Австралија и само потврди дека повторно ќе биде главен фаворит за победа.

За разлика од одличниот настап на актуелниот шампион, неговиот тимски колега Серхио Перез немаше среќа во Мелбурн, па откако излета во првата сесија, не се врати на патеката и ќе стартува од последната позиција.

Квалификациите донесоа добар резултат и за возачите на Мерцедес, па Џорџ Расел и Луис Хамилтон ќе стартуваат од втората и третата позиција, додека вториот ред ќе го комплетира Фернандо Алонсо.

До десеттата позиција се пласираа Саинц, Строл, Леклер, Албон, Гасли и Хулкенберг.

Трката утре ќе започне во 7 часот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни