Поврзете се со нас

Формула 1

Ферстапен и Норис предизвикаа инцидент во битката за прво место, Расел профитираше со победа (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/F1

Џорџ Расел е победник на трката за Големата награда на Австрија, откако возачот на Мерцедес максимално профитираше од жестокиот инцидент кој го имаа Макс Ферстапен и Ландо Норис на седум круга пред крајот.

Актуелниот шампион беше прв речиси цела трка, но во самата завршница наиде на сериоозен предизвик од Норис, кој уште еднаш покажа дека е најсериозен ривал на Макс на Ф1 патеките во овој момент.

Возачот на Мекларен притискаше и направи се што е во негова моќ за да го премине Ферстапен, но големиот шампион не дозволи такво нешто и со својот маневар се погрижи да дојде до контакт на стартот на 64-от круг.

Во прв момент, изгледаше дека Макс е тој кој гоо извлече подебелиот крај, но еден километар подоцна попушти и гумата на Норис, кој на патот до боксот претрпе и посериозни штети.

Ландо не ја заврши трката и остана во боксот, додека Макс се врати на патеката и доби казна од десет секунди поради предизвикан инцидент. Ферстапен на крајот стигна до целта и заврши петти, што прави да биде добитник од целиот инцидент со Норис во 64-от круг на денешната трка во Австрија, која во финишот најмногу ги израдува Џорџ Расел и фановите на Мерцедес.

Расел мирно стигна до целта пред Пјастри, место на подиумот избори и Карлос Сајнц, а четврти заврши Луис Хамилтон.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни