Поврзете се со нас

Формула 1

Ферстапен го возврати ударот, победа за Ред Бул на Имола

Објавено

на

Макс Ферстапен стигна до првата победа во новата Формула 1 сезона, триумфирајќи на трката на патеката Имола, возена за Големата награда на Емилиja Ромања.

Првиот триумф на Ред Бул дојде откако Ферстапен уште на стартот го презема првото место од Луис Хамилтон, ја одржа првата позиција на патеката на која во првиот дел од трката имаше многу вода и до крајот ниту еднаш не дозволи да ја загуби позицијата.

Луис Хамилтон направи грешка во периодот кога се обидуваше да му се приближи на Ферстапен, се врати на патеката на деветтото место, а тогаш беше активирано безбедносното возило поради судирот на Валтери Ботас и Џорџ Расел.

Одговорните решија дека трката мора да биде прекината, а откако продолжи, Хамилтон ги минуваше еден по еден возачите пред себе и може да биде задоволен со второто место, односно заменетите позиции со Ферстапен во однос на првата трка во Бахреин.

На победничкиот подиум се најде уште еден Британец, односно Ландо Норис кој му донесе трето место на Мекларен.

Поени освоија уште и Леклер, Саинц, Рикардо, Строл, Гасли, Раиконен и Окон.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни