Поврзете се со нас

Формула 1

Ферстапен го подбра и тимскиот шеф на Мекларен

Објавено

на

Photographer Credit Louis Yio / Red Bull Content Pool
Photographer credit: Louis Yio / Red Bull Content Pool

Старо-новиот светски првак во Формула 1, Макс Емилијан Ферстапен, во завршното интервју за холандскиот канал „Виаплеј“ (кој ги пренесувал трките во Холандија), уште еднаш одлучно застана во одбрана на својот возачки стил.

Возачот кој е роден во Белгија (татковина на мајка му), но вози под знамето на Холандија (татковина на татко му) од почетокот на својата кариера има мисија да се брани од оптужувања за преголема агресивност.

Овој пат, во текот на разговорот тој бил потсетен на изјавата од Зак Браун, тимски шеф на Мекларен, дадена за време на гран при викендот во Мексико, според која „Макс е прекрасен тркачки возач, но јас мислам дека нема потреба да вози на тој начин“.

За потсетување, Ферстапен во Мексико беше казнет на два пати по 10 секунди заради истуркување на ривалот Ландо Норис, возач токму на екипата Мекларен. Холанѓанецот на сето ова одговорил во свој стил.

– Тие едноставно немаат менталитет на светски шампион. Јас секогаш ќе одам до лимитот за да извадам максимум од секоја трка, па макар ако треба и да исфорсирам, тогаш така требало да биде. Некогаш треба да се пречекори линијата. Епа, јас ја пречекорувам,- изјавил четирикратниот првак.

Дообјаснувајќи се, тој повторно укажал дека негова цел е да постигне резултат.

– Не, не се каам за ништо во таа трка. Мислам дека освоив поени во неа. Како што реков, секогаш ќе правам се што треба за да извадам максимум за првенството. Некогаш треба да одиш до лимитот, некогаш и да го пречекориш, но не секој ќе го разбере тоа. Секој го нема тој менталитет!

Коментирајќи го напредокот на Мекларен, Ферстапен посочил дека им недостига искуство во борба за трофеите.

– Тие имаа мошне добар болид оваа година. Но, сметам дека е јасно дека имаат многу за учење, да кажам така, навистина постојано да се натпреваруваат. Се разбира, добри беа во првенството на конструкторите, но можеа и подобро да се подготват за борбата околу возачката титула,- вели Макс Емилијан.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни