Поврзете се со нас

Формула 1

Ферстапен го победи двоецот на Мерцедес и се избори за втора пол-позиција во Франција

Објавено

на

Макс Ферстапен извозе брилијантен круг пред крајот на квалификациите и се избори за втора пол-позиција од стартот на сезоната во Формула 1, стартно место кое секако му ветува добра трка со оглед на тоа што беше побрз од двоецот на Мерцедес.

Лидерот во генералниот пласман ќе стартува од најдобрата позиција на трката за Големата награда на Франција, на која ќе се обиде да го надокнади она што го загуби во Баку на доста трагичен начин кога му се пукна гумата на два круга пред крајот.

Ферстапен покажа дека е во извонредна форма и денеска и постојано беше побрз од Луис Хамилтон и Валтери Ботас кои се изборија за второ и стартно место, а зад нив е вториот возач на Ред Бул, Чеко Перез.

Карлос Сајнц одново беше побрз од Леклер во едни квалификации и утре ќе биде дел од третиот стартен ред покрај Гасли, додека неговиот тимски колега е седми во четвртиот ред со Ландо Норис. Меѓу првите 10 уште се квалификуваа Ландо Норис и Фернандо Алонсо.

– Освоената пол-позиција е добра најава за она што следи. Денеска не се освојуваат бодови и покрај добрите импресии, утре е денот кога треба да се докажеме. Да се обидеме да ги освоиме 25-те бода кои ги загубивме во Баку, – изјави Ферстапен.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни