Поврзете се со нас

Формула 1

Ферстапен го искоментира непријатниот инцидент со својот пријател Норис: Сите ја знаеме суштината на овој спорт (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/F1

Ландо Норис му се налути на Макс Ферстапен и нагласи дека ќе ја загуби почитта кон него доколку не добие извинување, или поточно ако Холанѓанецот не признае дека направил грешка на „Ред Бул Ринг“.

Британецот остана без првото место и без поени на трката поради контактот кој го иницираше светскиот шампион, па по крајот на возбудувањата беше доста резигниран и разочаран.

Возачот на Мекларен целосно ја префрли вината кон Макс кој досега му беше добар пријател, а дали блискоста ќе остане иста и после овој инцидент, само времето ќе покаже.

Ферстапен не продлабчуваше и доста дипломатски го искоментира овој момент од трката, потенцирајќи дека вакви работи за жал се секојдневие во тркањето.

– Како пријател, никогаш не сакате да дојдее до судир, но за жал тоа се случи. На крајот на краиштата, таков е тркачкиот спорт. Кога ќе се случи вакво нешто, секогаш се преиспитувате, дали сум јас виновен, дали оставив доволно простор. Јасно е дека ќе има расправи околу тоа.

– Искрено мислам дека оставив простор за Ландо, а суштината на овој спорт е да се борите за подобра позиција на излегување од кривина. Секој се бори за победа и тоа никогаш нема да се промени. Секако дека ќе зборувам со Ландо за овој инцидент, но сега не е вистинскиот момент. Подобро е нештата да се оладат, – изјави Ферстапен.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни