Ферстапен ги собра двата болида на Ферари и го украде шоуто на Сузука (Видео)

max-verstappen1

Луис Хамилтон оствари рутинска победа на трката за ГН на Јапонија од Формула 1 шампионатот, но најмногу внимание со своето возење повторно предизвика Макс Ферстапен.

Возачот на Ред Бул го освои третото место, но на патот до него, имаше контакт со двајцата возачи на Ферари. Најпрвин му го попречи движењето на Кими Раиконен за што доби казна од пет секунди, а потоа имаше контакт и со Себастијан Фетел, по кој Германецот се изврте и остана без шанси да се бори за подобар пласман.

На врвот Хамилтон се најде пред тимскиот колега Валтери Ботас и Ферстапен, Рикиардо стигна до четвртото место, потоа следуваа Раиконен и Фетел, па Перез, Грожан, Окон и Саинц до десеттото место. На четири трки до крајот Хамилтон има 331 поен, а следува Фетел со 264.

Facebook Коментари