Поврзете се со нас

Формула 1

Ферстапен ги израдува фановите на Зандворт и го презема водството во Ф1 првенството

Објавено

на

Макс Ферстапен победи на своето домашно гран-при во Холандија и тоа одржувајќи ја првата позиција од почеток до крајот на трката.

Возачот на Ред Бул доминираше на патеката Зандворт, одржувајќи предност во однос на Луис Хамилтон не само со помош на перформансите, туку и со солидната стратегија која не дозволи пресврт во корист на Мерцедес.

Хамилтон мораше да се задоволи со втората позиција и поенот за најбрз круг, додека победничкиот подиум го комплетираше Валтери Ботас.

Пјер Гасли исто така ја задржа четвртата позиција која ја обезбеди во квалификациите, зад него се најде Шарл Леклер од Ферари, додека до десеттото место се пласираа Алонсо, Саинц, Перез, Окон и Норис.

По оваа трка во Холандија, сега Ферстапен има три поени предност во генералниот пласман.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни