Поврзете се со нас

Формула 1

Ферстапен до прва пол позиција во Џеда, дебитантот Берман се прикажа во одлично светло

Објавено

на

Foto:twitter.com/F1

Една недела по воведната трка во новата натпреварувачка сезона, Ф1 караванот се пресели од Бахреин во Саудиска Арабија, а исто како и пред седум дена, главната трка ќе се вози во сабота поради рамазанските пости.

Вчерашните тренинзи навестија доста понеизвесна битка во квалификациите поради извонредните перформанси на Фернандо Алонсо, но иако ветеранот беше одличен и денеска, сепак кога дојде моментот на вистината, Макс Ферстапен одново беше недопирлив за конкуренцијата.

Актуелниот светски шампион извозе најбрз круг и беше три стотинки побрз од Шарл Леклер, додека исклучително блиску до возачот на Ферари според оствареното време беа Чеко Перез и Фернандо Алонсо.

Шпанецот на крајот се задоволи со старт од вториот ред во друштво на вториот возач на Ред Бул, а иако звучи неверојатно, за Макс Ферстапен ова беше прва пол-позиција остварена на патеката во Џеда.

Третиот ред на утрешниот старт ќе биде сочинет од Оскар Пјастри и Ландо Норис од Мекларен, потоа следат двајцата возачи на Мерцедес (Расел и Хамилтон), а во првите десет се најдоа и Цунода и Строл. Дебитантот Оливер Берман го освои 11-то место, што е извонредно за него како замена за Карлос Саинц кој мораше да замине на операција на слепо црево.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни