Поврзете се со нас

Англија

Фернандез го реши Тотенхем, Челси повторно е во Топ 4 во ПЛ (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:x.com/premierleague

Составот на Челси издвојува победа над Тотенхем од 1-0 во последниот натпревар од 30. коло од англиската Премиер лигата.

Интересно, возбудливо беше соочувањето на „Стемфорд Бриџ“ пред се второто полувреме во кое падна единствениот гол на мечот, но и два беа поништени со помош на ВАР.

Се играше 50 минута кога по нафрлувањето на Палмер, Аргентинецот Фернандез со удар со глава донесе радост за домашните навивачи. Веќе во 56 минута избрнаиците на Мареска дојдоа и до втор погодок, меѓутоа истиот кој го постигна Каиседо беше „избришан“ поради недозволена офсајд ситуација.

Гостите во 69 минута го матираа Санчез, меѓутоа порад прекршокот кој претходно го направи Сар, резултатот и понатаму остана 1-0.

Со овој резултат Челси одново се врати во Топ 4 во ПЛ, со вкупно 52 бода е на 4. место пред Манчестер Сити со 51 и Њукасл со 50 поени.

Standings provided by Sofascore
Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни