Поврзете се со нас

Англија

Фернандеш за разделбата на Роналдо со Јунајтед: Мојот сон се оствари…

Објавено

на

Кристијано Роналдо не се прослави во првиот дел од оваа сезона во дресот на Манчестер Јунајтед, па откако заврши истата одработи интервју со Пирс Морган во кое го нападна клубот, водечките луѓе, менаџерот по што стана јасно дека неговата етапа на „Олд Трафорд“ е завршена.

Потврда за тоа дојде само по неколку дена и тоа преку премиерлигашот кој објави дека е раскинат договорот со португалската ѕвезда. Со тоа се стави крај на вториот мандат на Роналдо во Јунајтед, епизода која нема да се памети без разлика на тоа што самиот тој како играч имаше одредени блесоци, меѓутоа не придонесе тимот да напредува кога се во прашање резултатите.

Оваа разделба секако е актуелна тема, па запрашан околу оваа тема беше Бруно Фернандеш кој во моментов е заедно со Кристијао во селекцијата на Португалија.

-Не се чувствувам непријатно. Не морам да бирам страна. Беше остварување на сонот да се игра со Кристијано [во Манчестер Јунајтед], но ништо не трае вечно, -порача кратко и јасно Фернандеш.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни