Поврзете се со нас

Англија

Фернандеш за целта на Јунајтед со Аморим: Сакаме…

Објавено

на

foto: x.com/ManUtd

Рубен Аморим има неколку тешки месеци на кормилото на Манчестер Јунајтед, но засега ја има максималната доверба и поддршка од управата на клубот, но и од играчите.

Повеќе од јасно беше дека Португалецот нема магично стапче за да ги реши сите проблеми и дека ќе му треба време за да создаде тим на кој ќе му ги пренесе идеите и истите играчите ќе ги спроведат на теренот.

Капитенот Бруно Фернандеш верува дека тие како група ќе се доведат во ситуација да бидат на највисоко ниво, односно целта е да му помогнат на Аморим да го испорача успехот кој претходно го имаше со Спортинг Лисабон.

-Знаев како игра Спортинг, знаев дека навивачите се возбудени и играчите беа многу среќни со него [Аморим]. Мислам дека сите видовме на последниот натпревар дека тој таму [во Спортинг] имаше заедништво со играчите и персоналот за тоа време.

-Јас и моите соиграчи и техничкиот персонал, вклучително и менаџерот, сакаме да го рекреираме тоа. За да го рекреираме тоа очигледно ни требаат и трофеи, -рече Бруно кој призна дека не е премногу близок со сонародникот.

-Не би рекол дека сме многу блиски. Не зборуваме толку многу да бидам искрен. Тој е менаџер кој е многу, многу тивок… Очигледно е дека сум капитен, повеќето работи што сака да му ги пренесе на тимот многу пати доаѓаат кај мене, но многу други работи и не доаѓаат од него, туку од неговиот персонал.

-Очигледно, имаме добри односи, но не би рекол дека е поинаков од кој било друг играч. Ги знаев работите што ги прави во Спортинг, но тоа не беше некој што лично го познавав, -истакна Фернандеш.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни