Англија
Фернандеш: Ова не смее да се случува…

Манчестер Јунајтед не го потврди статусот на фаворит и одигра само реми против Лидс на вчерашниот заостанат меч од Премиер лигата.
Домаќините му дозволија на противникот да дојде до предност од 2-0 за да во периодот од 62 до 70 преку Рашфорд и Санчо ја избришат таа негатива, меѓутоа потоа немаа сили, среќа за да го комплетираат пресвртот и со тоа ја продолжат победничката серија на „Олд Трафорд“.
Бруно Фернандеш жали што екипата загуби два бода, а притоа порача дека Јунајтед не смее да си дозволи на свој терен да губи со 2-0.
-Секогаш се загубени два бода кога играте на домашен терен. Мора да биде тешко за сите да дојдат тука, да постигнат голови и да добијат поени од нас. Ние му дадовме поен на Лидс и изгубивме два бода за нас, можевме да го добиеме мечот. Имавме шанса да победиме, немавме среќа во некои ситуации, сега мораме да се насочиме кон следниот натпревар. Единствено што можеме да направиме е да научиме од грешките што ги направивме денес и да не ги правиме повторно во недела.
-На овој стадион, со желбата и страста што ја имаме, 2-0 не може да се случи, ама не треба да биде проблем. Секогаш кога ќе бидеме доле, нема да биде проблем да возвратиме и да се бориме, да го свртиме резултатот, уште повеќе дома, како што видовме денеска, -рече Бруно кој им се заблагодари на навивачите.
-Голема благодарност до навивачите, не туркаа до крај и можевме да славиме. Мислам дека ја заслуживме таа победа, но како што реков, на овој стадион, со овие играчи, никогаш нема да биде проблем во последните минути затоа што секогаш ќе се бориме,-порача Португалецот.
Јунајтед за три дена одново игра со Лидс, овојпат на негов терен на „Иланд Роуд“.
-
Германијапред 24 часа
Салихамиџиќ распали по ѕвездите на Баерн, Нагелсман порача: Ако не победиме на дербито, ќе останеме без титула
-
Шпанијапред 19 часа
Изненадувањето во стартната постава на Чави: Го чекаме Меси во Барса, не го заслужува третманот кој го добива во Париз
-
Италијапред 20 часа
Страмачони го нападна Инѕаги: Нема потреба од барање алиби
-
АТПпред 24 часа
Медведев со урнебесен говор ги изнасмеа сите присутни по поразот во финалето (Видео)
-
Формула 1пред 22 часа
Драматично во Ред Бул: Тензичната конверзација меѓу Ферстапен и Перез по крајот на трката (Видео)
-
Англијапред 13 часа
Англија остана без најдобриот играч за дуелите со Италија и Украина
-
Светпред 14 часа
Направи големо изненадување, па доби „шут карта“: Клосе заработи отказ во првиот тренерски предизвик
-
НБАпред 16 часа
Портер Џуниор заби преку Јокиќ, па откри што му порача на соиграчот (ВИДЕО)