Поврзете се со нас

Англија

Фернандеш отворено за иднината во Јунајтед: Ќе бидам тука до…

Објавено

на

foto:twitter.com/ManUtd

Манчестер Јунајтед со победа над Њукасл од 3-2 ги заврши настапите на „Олд Трафорд“ за оваа натпреварувачка кампања, меч во кој за домаќините настапи Бруно Фернандеш кој поради здравствени причини ги пропушти претходните соочувања со Кристал Палас и Арсенал.

Португалецот не се запиша во листата на стрелците, но забележа важна асистенција со што имаше конкретен придонес во 17. сезонски триумф во шампионатот.

Токму по мечот капитенот имаше можност да се огласи за неговата иднина на „Олд Трафорд“, прашање кое е доста актуелно во изминатиов период.

-Ќе бидам тука до… Реков дека клубот треба да ме сака. Чувствувам дека е така, клубот сака да бидам дел од иднината. Како што секогаш велев, не сакам да бидам играч што клубот не сака да го има. Ако поради некоја причина клубот не сака да ме има, јас ќе си одам, но ако ме сакаат ќе останам, -порача Бруно кој има договор до 30 јуни 2026 година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни