Англија
Фернандеш: Не можеме тука да застанеме, ова мора да биде…
Манчестер Јунајтед влезе како аутсајдер во соочувањето со Ливерпул на „Енфилд Роуд“ без разлика на тоа што ова беше дерби пресметка, но „црвените ѓаволи“ покажаа карактер, знаење, упорност, борбеност до последната секунда и малку недостасуваше и да слават на теренот на лутиот ривал.
Јунајтед водеше во Ливерпул, губеше и се враќаше за да на крајот се заврши со резултат 2-2. Капитенот Бруно Фернандеш смета дека на крајот ремито е реално, но испрати порака до соиграчите дека ова издание мора да им послужи за во иднина да бидат подобри, односно да го задржат нивото и да го потврдат квалитетот на секој терен и во секое натпреварување.
-Бевме критикувани и со право. Нашата позиција на табелата кажува се, изгубивме премногу бодови. И денес не можеме да бидеме среќни со бод. Потребни ни се бодови и можевме да го добиеме натпреварот на крајот, но ова е фер резултат. Двете екипи играа добар фудбал. Јас сум прилично вознемирен.
-Ако го покажавме ова ниво во Ливерпул, први во лигата, зошто не можеме да го правиме ова насекаде? Ме фрустрира. Исто така, конечно имав соодветен настап. Рековме дека ни треба многу повеќе од себе за да добиеме повеќе од оваа сезона. Да се губи 2-1, па да се постигне гол, добро е да се освои бод, но ни треба повеќе. Сега имаме натпревар од ФА Купот со Арсенал и ќе биде многу тешко, но сакаме повторно да стигнеме до финалето. Знаеме колку е тешко да се игра против Ливерпул.
-Денес вложивме вистински напор во играта, играњето со страст и срце е она што ќе ви даде нешто од играта. Треба да се потрудите и затоа презедовме нешто од денес. Не можеме тука да застанеме. Мораме да ја пренесеме оваа фрустрација на следниот натпревар за да разбереме дека ова мора да биде нивото. Ако можеме да го направиме тоа на Енфилд, тоа мора да го правиме насекаде.
-Не може да застанеме тука, мора да ја пренесеме оваа фрустрација на следниот натпревар за да разбереме дека ова мора да биде нивото. Ако можеме да го направиме тоа на „Енфилд“, мора да го правиме секаде“, -порача капитенот Фернандеш.
-
АТП18 часа
Мари: Ѓоковиќ може да биде најдобар спортист на сите времиња, ако…
-
Шпанија17 часа
Пике во свој стил го „поздрави“ Касилјас по „петардата“ на Барселона против Реал (ВИДЕО)
-
Шпанија18 часа
Шоу на каталонците во Џеда: Барселона го надигра Реал и го грабна трофејот во Супер Купот на Шпанија (ВИДЕО)
-
Репрезентација20 часа
Македонија со победа ги заокружи подготовките за настапот на СП
-
Германија21 час
Шешко со „проектил“ ја „искина“ мрежата на Вердер (ВИДЕО)
-
Англија18 часа
Артета со прва информација за повредата на Жезус: Не изгледа добро…
-
Англија21 час
Бајиндир блескаше, Јунајтед го исфрли Арсенал од ФА Купот (ВИДЕО)
-
Италија16 часа
Проблемите се надминати, Елмас добива нов соиграч од Милан