Поврзете се со нас

Англија

Фернандеш: Јас ќе бидам гласот на Аморим на теренот

Објавено

на

foto: x.com/ManUtd

Манчестер Јунајтед ќе се обиде со Рубен Аморим да се врати на победнички патеки, мисија која нема да биде лесна и за која ќе биде потребна помош од сите пред се од играчите кои се главни на теренот.

Премиерлигашот го очекува дуел со Бодо во Лигата на Европа, а во пресрет на овој меч капитенот Бруно Фернандеш испрати јасна порака дека ќе направи се за да биде гласот на Аморим на зелениот тепих, поточно помогне работите да се придвижат во вистинскиот правец.

-Навистина сум свесен што правиме на тренинзите. Се трудам да апсорбирам се од секоја позиција. Очигледно, не е можно да се добие сè, но се обидувам да имам идеја за играта бидејќи како капитен — понекогаш менаџерот не може да ја даде пораката од клупата до теренот поради вревата или што и да е.

-Мора да бидете способни да се обидете да ја решите ситуацијата заедно со соиграчите. Знаејќи, или имајќи го знаењето за секоја позиција; движењата што ги прават, каков притисок менаџерот сака да направиме. Тоа е малку од мојата улога, -рече Фернандеш кој порача дека играчите мора да ја делат одговорноста за тоа што се случува.

-Очигледно, ако смените менаџер во средината на сезоната, тоа е затоа што работите не одат како што сакате. Ако работите не одат како што сакате, секој треба да ја преземе вината. Секој во својот оддел. Како што кажав претходно, полесно е да се ослободиш од менаџер отколку 15 или 20 играчи или што и да е. Сега нашиот фокус е на тоа што може да донесе иднината и како да ги добиеме што е можно побрзо и што е можно побрзо новите идеи на новиот менаџер, -порача Португалецот.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни