Поврзете се со нас

Англија

Фернандеш искрен: Не зависиме сами од себе за позициите што ги сакаме, но…

Објавено

на

foto:twitter.com/ManUtd

Манчестер Јунајтед не издржа и доживеа пораз од актуелниот првак Манчестер Сити (3-1) на гостувањето на „Итихад“ во рамките на 27. коло во Премиер лигата.

„Црвените ѓаволи“ постигнаа атрактивен гол и поведоа во раната фаза, меѓутоа во продолжението не направија ништо поконретно кога е во прашање офанзивата и доказ за тоа е што ударот на Рашфорд беше единствениот во рамките на голот на Едерсон.

Јунајтед сега има 11 бода помалку од четвртопласираната Астон Вила, но шест од Тотенхем кој е на петтата позиција која на крајот сепак може да донесе место во ЛШ за наредната сезона.

-Треба да гледаме напред. Не зависиме само од себе за да дојдеме до позициите што ги сакаме. Не се криеме од тоа, сакаме да бидеме во Лигата на шампионите и сакаме да се обидеме до крајот на сезоната да стигнеме до четвртото место кое ви дава можност да влезете во Лигата на шампионите. Знаеме дека ќе биде тешко, но мораме да направиме се што е во наши раце на следниот меч на домашен терен.

-Знаеме дека нашите навивачи ќе бидат таму одново и одново. Тие беа зад нас, не туркаат. Следниот натпревар треба да одиме таму и да го добиеме тој натпревар, -рече Бруно Фернандеш кој го искоментира и поразот од Сити.

-На полувремето реков дека чувствувам дека тимот прави се за да го одбраниме нашиот шеснаесетник. Знаеме дека во моменти требаше да се браниме длабоко и да бидеме заедно, да бидеме компактни и да си помагаме еден на друг. Го направивме тоа, но очигледно разликата беше индивидуалниот квалитет од играчите на Сити што ги натера да го добијат натпреварот, -повлече капитенот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни