Поврзете се со нас

Англија

Фернандеш го скрши отпорот на „Ст. Џејмс парк“ во 86. минута, Њукасл настрада во завршницата (Видео)

Објавено

на

blank

Манчестер Јунајтед ја оствари втората победа во Премиер лигата на стартот на новата натпреварувачка сезона, оставајќи го зад себе дебаклот кој го претрпе на домашен терен во дерби пресметката со Тотенхем пред две недели.

Гостувањето на „Ст. Џејмс парк“ не тргна воопшто добро за избраниците на Оле Гунар Солскјер, но во финишот заврши како што требаше, а со оглед на иницијативата, тоа беше и заслужен епилог.

Њукасл поведе по 2 минути игра по несреќниот автогол кој си го постигна Лук Шо, но воведната еуфорија беше премалку за позитивен резултат против мотивираните „ѓаволи“, кои вечерва имаа голем императив за триумф по лошиот почеток на сезоната.

Капитенот Мегваер израмни на 1:1 по 23 минути игра и Јунајтед беше значително подобар тим до крајот на првиот дел, а тоа продолжи и во второто полувреме кое доенсе огромна возбуда. Голманот Дарлоу правеше чуда на голот на Њукасл и го одржуваше својот тим во игра до 86-та минута, но тогаш Бруно Фернандеш си ја поправи својата грешка и со извонреден финиш погоди за 2:1.

Португалецот не реализираше пенал во 56-та минута, но затоа 30 минути подоцна беше хируршки прецизен и го најави завршниот потоп на Њукасл кој следеше во завршните минути. Ван Бисака ја потврди победата со погодок за 1:3, а конечните 1:4 ги постави Рашфорд длабоко во шестата минута од продолжението.

Реклама
Реклама
Реклама

Facebook

Популарни