Поврзете се со нас

Англија

Фернандеш го мина Бекам со атрактивниот гол против Арсенал (ВИДЕО)

Објавено

на

foto: x.com/ManUtd

Манчестер Јунајтед успеа да излезе како победник од дерби соочувањето со Арсенал и со тоа обезбеди место во 4. рунда на англискиот Лига Куп.

„Црвените ѓаволи“ одново на тежок терен, против многу силен противник покажаа карактер, големо срце и преку пенали ги елиминираа „топчиите“ од ова натпреварување.

Еден од играчите кои беа најзабележителни на теренот беше Бруно Фернандеш кој го постигна единствениот гол за својата екипа на „Емирејтс“, плус беше сигурен изведувач во пенал рулетот.

Токму погодокот постигнат во 52 минута му донесе на Португалецот уште едно достигнување, го мина легендарниот Дејвид Бекам на вечната листа на стрелци во Јунајтед. Ова за Бруно беше 86 гол, учинок до кој дојде во 261 натпревар на кои воедно забележа и 77 асистенции.

Во сегашниов тим на „црвените ѓаволи“ само еден играч е поефикасен од него, напаѓачот Маркус Рашфорд (126) кој е на излезна врата од клубот.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни