Англија
Фернандеш ги шокирал тренерите на Јунајтед при враќањето на тренинзите
Премиерлигашите полека почнаа да се враќаат на групни тренинзи од неколкумина играчи, а во ситуација кога сите очекуваат играчите да бидат далеку под своите максимални физички капацитети, неверојатниот Бруно Фернандеш ги шокирал тренерите на Манчестер Јунајтед.
Португалецот беше еден од фудбалерите кои денеска се појавија во Карингтон центарот, но што е уште поважно, оттаму пристигна една навистина интересна информација поврзано за неговото залагање во карантинот.
Бруно успеа да ги воодушеви фановите на Јунајтед со своите први партии во црвениот дрес и веќе во февруари ја собра наградата за најдобар играч во месецот во Премиер лигата, но сега почнува да ги изненадува и кондициските тренери во клубот.
Официјалните податоци од тренингот откриле дека Фернандеш до толку напорно работел дома, што успеал да се врати побрз од неговиот најдобар резултат пред паузата со коронавирусот. Бруно истрчал спринт со 34.27 километри на час и бил еден од најбрзите во тимот, со што дефинитивно ги шокирал тренерите, особено поради тоа што не важи за играч на кој силна страна му е брзината.
Сосема очекува, најбрз бил Даниел Џејмс кој достигнал брзина од 36,8 километри на час, а во топ листата биле уште Џеси Лингард и Аксел Туанзебе.
-
Формула 115 часа
Хаос во Австралија, Норис ги издржа предизвиците
-
Италија23 часа
Фабрегас го подбра Деле Али: Таква грешка од играч…(ВИДЕО)
-
Шпанија12 часа
Мбапе со подобар ефект од Роналдо во првата сезона, пред себе има уште само три легенди на Реал
-
Шпанија14 часа
Арда се обиде да постигне гол од тешка позиција, Мбапе не го криеше бесот од потегот на соиграчот (Видео)
-
Македонија10 часа
Шкупи објави дека Лазаров не е во животна опасност, но заработил повреди во пожарот во Кочани
-
Македонија8 часа
Шкупи со траорно соопштение: Лазаров починал во обид да им помогне на повредените во пожарот (Фото)
-
Европски првенства10 часа
ЕХФ не дозволи одложување на натпреварот против Словенија во Копер (Фото)
-
Формула 19 часа
Стјуардите ја повлекоа казната и го разубавеа дебито од соништата за Антонели (Фото)