Англија
Фернандеш директен: Не сум тука за да губам натпревари и да бидам…

Манчестер Јунајтед продолжува со променливите изданија, па така новиот неуспех дојде во дуелот со Брајтон кој го освои „Олд Трафорд“ со 3-1.
„Црвените ѓаволи“ во изминатиов период одиграа два одлични натпревари против Ливерпул и Арсенал на нивен терен, потоа со доста мака го совлада фенерџијата Саутемптон за да вчера претрпе пораз во својот том и одново ги разочара своите многубројни навивачи.
Јунајтед игра навистина лошо пред своите навивачи што е сериозен проблем, па капитенот Бруно Фернандеш побара од соиграчите да бидат далеку похрабри и заедно како тим да го покажат вистинскиот квалитет.
-Не може. Ја разбирам перспективата однадвор. Но, не ни е удобно да мислиме дека ова е во ред, затоа што не е. Не сум тука да губам натпревари и да бидам на позицијата во која се наоѓаме во моментов. Знам дека истото важи иа другите во соблекуваланата, а ако на некого му е удобно, тогаш не е за тука, -истакна Португалецот кој не сакаше да му даде посебно внимание на фактот дека „галебите“ стануваат нерешлива енегма за Јунајтед.
-Не ми е важно. Тоа е уште една загуба за нас. Не е важно колку пати победија против нас. Се сеќавам во минатото каде овде немаа добиено натпревар. Тоа нема да промени ништо. Не ги освоивме трите бода, им честитаме, тие направија добар натпревар и заслужено го добија натпреварот. -порача капитенот на великанот.
-
Лига на шампиони18 часа
Агуеро си игра со оган: Ако Реал го победи Сити…
-
Лига на шампиони16 часа
Гвардиола и Анчелоти одбраа: Валверде почнува како десен бек за Реал, Пеп изненади со изборот за играч за врска (ФОТО)
-
Италија22 часа
Колина побара промена на едно важно пенал правило и привлече големо внимание во јавноста
-
Франција24 часа
ПСЖ го издвои генијалниот потег на Кварацхелија: Елеганција во движење (Видео)
-
НБА23 часа
Нова убиствена комбинација: Дончиќ додава, ЛеБрон реализира (Видео)
-
Англија17 часа
Сколс за премиерлигашката ѕвезда: Тој треба да оди во подобар и поголем клуб од Арсенал
-
Лига на шампиони13 часа
Фуриозна кралска завршница: Реал со пресврт до голема победа на „Итихад“ (ВИДЕО)
-
Лига на шампиони13 часа
Куртоа: Заслуживме да победиме, ова е духот…