Поврзете се со нас

Свет

Фернандеш: Дали ќе има нов Роналдо? Сите ја разбираме силата и неговото влијание…

Објавено

на

Foto:twitter.com/selecaoportugal

Кристијано Роналдо иако е се поблиску до 40 година од животот тој понатаму е активен како на клупски така и на репрезентативен план што е навистина реткост како денеска така и низ историјата.

Ветеранот и понатаму е максимално подготвен, гладен за голови, победи, трофеи и со тоа ги воодушевува соиграчите, сонародниците иако и тие се фудбалери од светска класа како што е членот на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш.

-Дали имам идеја дека играм заедно со творец на историјата? Не, немам идеја, имам сигурност! Сите сме свесни за тоа. Сите ја разбираме силата и влијанието што Роналдо го има, силата и влијанието што Роналдо го имаше врз иднината на многу од нас португалските играчи, можностите што тој ги создаде за идните генерации играчи, начинот на кој другите почнаа да ја гледаат Португалија.

-Тие веќе почнаа да не гледаат со поголема почит, но сето она што Роналдо го постигна во странство значеше дека се повеќе стравуваат од нашате име и очигледно сме благодарни што живеевме во оваа ера, бидејќи за нас беше привилегија да го гледаме Кристијано како игра и на во исто време имав шанса да играм покрај него, како и сите други мои соиграчи, -рече Бруно кој одговорајќи дали ќе има нов Роналдо, тој порача:

-Се надевам дека ќе се појави уште еден Португалец Кристијано Роналдо, но мислам дека е малку веројатно и останува на нас, сите Португалци, да уживаме во него и да уживаме во она што тој сè уште може да ни го даде, без разлика што често велат: „аа тој веќе не е тоа што беше“. Сите играчи како што одминуваат годините мора да се адаптираат, мора да бидат различни, но Кристијано, иако различен и секогаш се прилагодува, продолжува да го прави тоа што го прави најдобро – а тоа е да дава голови, заклучи Фернадеш.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни