Фернандињо: Против Ливерпул имаме една цел

fernandinho

Овој викенд имаме неколку интересни пресметки во Топ 5 лигите во Европа, но дефинитивно најзначајна или подобро кажано онаа што најмногу предизвикува внимание е битката меѓу Ливерпул и Манчестер Сити во рамките на 12 коло во Премиер лигата.

Тоа е дуел кој се игра в недела од 17:30 часот на „Енфилд Роуд“, дуел кој нема да го даде новиот шампион, меѓутоа може да даде јасен правец околу тоа каде може да заврши титулата. Ливерпул во моментов има шест бода повеќе во однос на актуелниот првак и во случај на триумф разликата ќе биде плус девет што секако е голема позитива ако се земе во предвид како игра и какви резултати бележи четата не Јирген Клоп (10 победи во 11 натпревари).

Ама такво сценарио сакаат да спречат „граѓаните“ кои доаѓаат во Ливерпул со една цел-да победат иако на овој терен имаат само едно славје од 2003 година.

-Ќе одиме таму и ќе се обидеме да победме. Менталитетот е секогаш да бараме победа како што тоа го направивме против Аталанта од првата минута, -рече Фернандињо кој запрашан за тоа дали Сити не смее да си дозволи пораз тој порача:

-Како што им кажав на момците, со меч против Аталанта, ако не можете да победите, немојте да загубите. Еден човек помалку, двајцата голмани излегоа поради различни ситуации. Мислам дека тоа е духот на момците, сигурно. Како што велам, одиме таму во недела и ќе обидеме да победиме, -дополни искусниот Бразилец.

Facebook Коментари