Поврзете се со нас

Шпанија

Фермин со ветување за фановите: Барселона ќе игра во финалето на Лигата на шампионите

Објавено

на

Foto:x.com/FCBarcelona

Фермин Лопез е задоволен од начинот на кој се претставува во вториот дел од сезоната, но и општо од формата на Барселона која очекува да кулминира во завршницата во најважните натпреварувања.

Еден од помладите членови на каталонскиот состав ја искористи шансата дадена од тренерот Флик и стигна до 5 голови и 5 асистенции сезонава, а на фановите им вети дека Барса сезонава ќе стигне и до финалето на Лигата на шампионите.

– Првиот дел од сезоната не помина најдобро за мене, но сега добивам поголема шанса од тренерот и ја вратив посакуваната самодоверба.

– Следува најтешкиот, но и најубавиот дел од сезоната. Ќе има тешки натпревари, но обединети сме како тим и подготвени и за лоши и добри моменти.

– Нашата цел е да освојуваме титули, а сигурен сум дека сезонава Барселона ќе игра и во финалето на Лигата на шампионите, – рекол Фермин.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни