Поврзете се со нас

Шпанија

Фермин направи нешто што не се памети во Барселона од времето на Меси (Фото)

Објавено

на

Foto:x.com/FCBarcelona

Фермин Лопес нема сезона како што посакуавше и замислуваше поради двете повреди кои ги заработи уште во месец септември, па откако паузираше речиси 50 денови, му беше потешко да се наметне во тимот на Ханси Флик.

Сепак, секогаш кога добива шанса, Фермин се обидува максимално да профитира од истата и тоа го докажа вчера на натпреварот со Валенсија, дуел на кој играчот за врска направи нешто што не се памети во Барселона од ерата на Лео Меси.

Фемин постигна два голови и испорача две асистенции во лудата победа од 7:1 над „лилјаците“, учинок кој последно се памети од Меси во редовите на Барселона.

Аргентинецот запиша два голови и две асистенции на натпревар против Валјадолид во октомври 2019-та година, па требаше да се чекаат пет години и три месеци за еден играч да повтори такво нешто.

Тоа му успеа на Фермин кој најверојатно го одигра најдобриот меч во дресот на Барселона, издание со кое јасно му стави до знаење на Флик дека може да смета на него во било кое време.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни