Поврзете се со нас

Англија

Алекс Фергусон се изнасмеа за идејата дека Тотенхем може до титулата: Нема шанси (Видео)

Објавено

на

Легендарниот Алекс Фергусон одамна е во фудбалска пензија, но редовно ги следи случувањата на англиската и европската фудбалска сцена.

Ферги останува голем фан на Манчестер Јунајтед, клубот со кој постигна одлични резултати и го водеше до многу трофеи, а во последното кратко интервју за „Скај Спортс“ го привлече вниманието со ставот околу шансите на Тотенхем за освојување на титула.

На прашањето на новинарот дали Тотенхем може да ја освои Премиер лигата, Ферги отсечно вели „не“, за по експресната насмевка да објасни дека причина за неговиот став е жестоката конкуренција која постои во лигата.

– Тие ја освоија титулата последен пат во 1961 година, а тоа е долго време. Конкуренцијата денеска со Ливерпул и Манчестер Сити е навистина моќна. Тоа важи и за Јунајтед и ние мора да се бориме жестоко, – рекол Фергусон.

Новинарот му посочува на Фергусон дека според актуелните игри и пласманот, Тотенхем има повеќе шанси од Манчестер Јунајтед за ваков резултат, но шкотската легенда вели „никако“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни