Поврзете се со нас

Англија

Фергусон го прекина молкот и најави позитивни вести за фановите на Јунајтед

Објавено

на

Foto:twitter.com/AberdeenFC

Сер Алекс Фергусон е составен дел од Манчестер Јунајтед и на 81 година и извршува улога на почесен директор, па поради тоа легендарниот Ферги го гледаме на трибините на секој меч кој го играат „црвените ѓаволи“.

Поранешниот менаџер често има и улога на советник кога се носат најважните одлуки на „Олд Трафорд“, па иако досега ги одбегнуваше прашањата поврзани за промена на сопствеништвото, Ферги сега за првпат се огласи на темата „Сир Џим Ретклиф“.

Глејзерови на крајот не се согласија на целосна продажба на Манчестер Јунајтед и одлучија да бараат важен човек кој ќе инвестира, а ако се суди според изјавата на Ферги, договорот со Ретклиф веќе е постигнат.

Медиумите пренесоа дека Сер Џим ќе откупи 25 проценти од клубот со инвестирање на 1,2 милијарди евра, но во прв момент ќе добие моќ да го води клубот и да биде одговорен за најважните случувања на спортски план.

Овие вести донесоа позитивни вибрации меѓу фановите и легендите, а сега со краток став се јави и Ферги.

– Се уште сум директор на Манчестер Јунајтед и можам да кажам дека добро го познавам Џим Ретклиф. Ќе треба да видиме што мисли да прави во клубот, но јас сум оптимист, – изјавил Фергусон денеска за „Gambling Zone“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни