Поврзете се со нас

Англија

Фергусон го искритикува Солскјер: Секогаш треба…(ВИДЕО)

Објавено

на

Манчестер Јунајтед иако важеше за фаворит не успеа да слави над Евертон во мечот кој во саботата се одигра на „Олд Трафорд“.

„Црвените ѓаволи“ поведоа преку Марсијал, меѓутоа тоа водство не успеаа да го сочуваат во второто полувреме во кое гостите дојдоа до израмнување за да потоа и стрелаат за 2-1, меѓутоа истиот беше поништен поради офсајд.

Ваквиот резултат одново донесе критики за тренерот Оле Гунар Солскјер пред се поради одлуката Кристијано Роналдо и Пол Погба не бидат стартери и влезат во игра во вториот дел. Овој потег не му се допаднал ниту на легендарниот сер Алекс Фергусон кој беше присутен на трибините, а потоа имаше можност да поразговара со дел од ѕведите кои беа присутни, а меѓу нив беше и пенизонираниот УФЦ борец, Хабиб Нурмагомедов.

-Тие видоа дека Роналдо не игра, -вели Роналдо на што Нурмагомедов вели:

-Ама тој влезе во второто полувреме, -рече Дагестанецот на што Ферги додаде:

-Знам, ама секогаш треба да започнеш со најдобрите играчи, -истакна сер Алекс во разговорот со Нурмагомедов.

Солскјер по средбата остана на својата одлука и истакна дека смета оти направил грешка, но по ова видео на Фергусон и многуте критики дефинитивно ќе треба да размисли за ваквите потези во иднина.

Солскјер ги налути фановите, но тврди дека не направил грешка со составот

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни