Поврзете се со нас

Англија

Ферги се отвори и проговори за најголемиот страв во животот: Се плашев дека нема да можам да прозборам

Објавено

на

Легендарниот Сер Алекс Фергусон одговараше на најразлични прашања на филмскиот фестивал во Глазгов, а вниманието го насочи кон лошата епизода во 2018 година кога мораше да оди на операција на мозокот.

Фергусон доживеа мозочен удар и веднаш мораше да биде опериран, а по операцијата  како што изјави сега десет дена не можел да изусти ниту збор.

– Го загубив гласот, не можев да изустам ниту еден збор и тоа беше застрашувачко, апсолутно застрашувачко. Во тој момент се ми поминуваше низ глава, дали ќе ми се врати сеќавањето? Дали ќе имам можност повторно да прозборам?, -изјави легендарниот Сер Алекс.

По интензивните терапии по операцијата гласот на Сер Алекс се вратил по десет дена, па сега тој може да води нормален живот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни