АТП
Фереро: Алкараз заслужено е број еден, вистина е дека Ѓоковиќ…

Карлос Алкараз веќе некое време е светски број еден на АТП листата, но и понатаму има одредени коментари за тоа дали навистина ова сценарио ќе се оствареше ако Новак Ѓоковиќ ги немаше проблемите со настапот на турнирите.
Ѓоковиќ поради својот вакцинален статус не играше на Ју-Ес Опен и Австралија Опен, не играше на Мастерсите во Северна Америка, додека пак не доби поени на Вимблдон и покрај тоа што го освои тој грен слем.
-Нормално е што некои мислат дека Карлос не го заслужил тоа место, бидејќи точно е дека Ѓоковиќ не играше на два грен слема. Би можел да ги освои, но никогаш нема да дознаеме. На крајот на денот, мислам дека Карлитос сè уште го заслужува првото место, бидејќи тој ги доби речиси сите натпревари оваа година. Мислам дека имаше многу успешна сезона. Мора да го почитуваме сечие мислење, но мислам дека е заслужено, -вели Хуан Карлос Фереро кој е тренер на неговиот сонародник.
-Кога успехот ќе дојде рано, секогаш постои опасност да се изгуби мотивацијата и малку да се опуштите што потоа води до тоа да не тренирате што е можно повеќе. Надвор од теренот ме загрижува тоа што многумина му кажуваат колку е добар и што не му кажуваат како навистина стојат работите. Знам како е, знам дека е тешко да се справиш со тоа, затоа се обидуваме да му објасниме некои работи и да го контролираме. Од тениска гледна точка, следната сезона ќе биде тешка бидејќи брани многу поени, но е на доволно високо ниво за уште една одлична сезона, заклучува Фереро.
-
Светпред 19 часа
Фановите на Реал на големо ја прославија победата на Ал Хилал: Причина е Артуро Видал (Видео)
-
Шпанијапред 24 часа
Неверојатни бројки зад името на Столе: Само еден голман во Ла Лига е подобар од Димитриевски (Фото)
-
Шпанијапред 10 часа
Најдобриот играч на Реал од првиот дел од сезоната: Доживеав пад, не сум истиот по мундијалот
-
Италијапред 19 часа
Демирал ќе собира финансиски средства со дрес од Роналдо: Разговарав со Кристијано (Фото)
-
Италијапред 20 часа
Влаховиќ го прекина долгиот пост од месец октомври и донесе победа за Јувентус (Видео)
-
Англијапред 22 часа
Рио тврди: Бруно не можеше да се конектира со Роналдо, сега добро гледаме…
-
НБАпред 10 часа
ЛеБрон го собори рекордот на Абдул-Џабар, Лејкерс загубија во историската ноќ (Видео)
-
Италијапред 9 часа
Демирал ќе искористи дресови на поранешни соиграчи за собирање помош за Турција