Поврзете се со нас

АТП

Ферер: Можеби ќе се појави „нов“ Ферер, но нема да има „нов“ Надал

Објавено

на

Некоогашниот светски рекет број три, Давид Ферер не верува дека во иднина ќе се роди тенисер како Рафаел Надал.

Ферер кој беше голем борец водеше многу битки со сонародникот низ кариерата, но и со останатите два членови на големата „тројка“ Рожер Федерер и Новак Ѓоковиќ кого исто така многу ги почитува.

-Тоа се три феномени. Ќе биде многу тешко пак да се појават играчи кои ќе го достигнат нивното ниво и ги освојат срцата на навивачите. На пример тоа што го направи Рафа не може да се повтори. Мислам дека не треба да се надеваме оти ќе добиеме наследник.

-Можеби ќе добиеме некој нов Давид Ферер, ама сигурно нема нов Надал, -порача Ферер кој се повлече од тенисот минатата година.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни