Поврзете се со нас

Дејвис куп

Ферер: Дали Надал ќе игра? Нема да ви кажам до последен момент

Објавено

на

foto: x.com/carlosalcaraz

Рафаел Надал е дел од Дејвис Куп селекцијата на Шпанија со која ќе се обиде да триумфира на завршниот турнир во Малага и на идеален начин да ја заврши активната тениска кариера.

Шпанците избраа силен состав за турнирот, па останува да се види каква ќе биде улогата, задачата на Надал, дали ќе игра во сингл, дубл, па дури и дали ќе игра затоа што резултатот е на прво место и тоа самиот го потенцираше и бикот од Мајорка.

Надал пред својот последен турнир во кариерата: Не дојдов тука за да се пензионирам

-По некое време неиграње, ситуацијата е се подобра и подобра и тоа е најважно. Дали (Надал) ќе игра сингл, не знам, се уште не знам… Ќе видиме како ќе изгледа пред натпреварот, потоа ќе одлучиме. Но, дури и кога ќе одлучам, нема да ви кажам до последен момент.

-Факт е дека сè ни оди многу добро. Атмосферата е многу добра, играчите добро се познаваат, долго време се заедно на АТП турот. И секако, со оглед на тоа што ова е последен турнир на Рафа, се добива дополнително значење, -истакна селекторот Давид Ферер.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни