Поврзете се со нас

Англија

Фердинанд жали за играчот кој оствари убав јубилеј во Премиер лигата: Не можев да поверувам дека беше продаден од Јунајтед

Објавено

на

Манчестер Јунајтед се врати на патеките од минатата сезона и потклекна веќе на вториот тест во Премиер лигата, бидејќи избраниците на Ерик Тен Хаг претрпеа болен пораз на гостувањето кај Брајтон.

„Ѓаволите“ примија гол во финишот и загубија со 2:1 на „Амекс стадионот“, на кој убав јубилеј оствари Дани Велбек како играч со 100 гола во професионалната кариера

Велбек постигна гол против својот поранешен клуб и стигна до бројот 100 во елитата, а тоа го натера Рио Фердинанд да говори за погрешната политика која ја води Манчестер Јунајтед веќе деценија наназад.

Рио смета дека Велбек бил еден од талентите кои биле лесно испуштени од Јунајтед, но за него уште понесфатливо било што беше продаден на Арсенал во 2014-та година.

– Ништо не ме изненадува за Дани Велбек и среќен сум за него. Го гледав додека беше дете во Јунајтед и тој беше навистина одличен играч за нас. Не можев да поверувам кога Јунајтед го пушти да си оди, сите во тимот сметавме дека тоа момче навистина вреди.

– Не го зборувам тоа мислејќи на него само како играч, зборувам и за Дани како човек. Дани е многу повеќе ценет од колегите, отколку од фановите. Фановите не знаат колку може да биде тешко да играте против Велбек. Тој е извонреден професионалец, – вели Фердинанд.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни