Поврзете се со нас

Англија

Фердинанд заврши во болница по потопот од Ливерпул: Ме пратија во ургентен центар (Фото)

Објавено

на

Рио Фердинанд не се огласи во јавноста со официјална изјава по историскиот потоп кој го доживеа Манчестер Јунајтед на „Олд Трафорд“ од Ливерпул, а причина за медиумскиот и виртуелен молк најверојатно е причина за одредена незгода која ја имал легендарниот стопер на „црвените ѓаволи“.

Фердинанд последните две објави на социјалните мрежи ги имаше за време на мечот кој се играше на театарот на соништата, а по 60 минути игра кога резултатот беше 0:5 и кога Пол Погба заработи црвен картон, Рио преку Твитер обелодени дека завршил во ургентен центар.

– Секогаш ќе претставуваме опасност поради индивидуалците кои ги имаме… Но, ние сме толку лесни за играње, тоа е нереално. Засрамувачко прво полувреме. Мажи против момчиња!, – гласи првата објава на Рио, а втората е од болнички кревет.

– Овие 60 минути ме пратија во ургентен центар…. , – соопшти Рио со објавена фотографија на Твитер.

Засега, англиските медиуми не можат да дознаат со каков проблем се соочил Рио, но со оглед на тоа што можел да го следи мечот, голема е веројатноста дека не станува збор за ништо сериозно.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни