Поврзете се со нас

Англија

Фердинанд застана во одбрана на еден играч на Јунајтед: Не можам да ја разберам изјавата на Кин

Објавено

на

Големите легенди на Манчестер Јунајтед се претворија во стручни телевизиски експерти со текот на годините, а како што одминува времето, некои од нив почнаа да си прават и посебни емисии преку различни платформи.

Рио Фердинанд е најактуелен со својот јутјуб канал на кој редовно дава мислења за случувањата во Манчестер Јунајтед, па иако легенди најчесто заземаа сличен став за одредени играчи, поранешниот дефанзивец сега има целосно контрастно размислување од она на Рој Кин.

Екс-капитенот на Јунајтед по среќната победа над Лестер заклучи дека Рубен Аморим никогаш не може да има верба во играч како Алехандро Гарначо, но според Фердинанд, Аргентинецот е еден до ретките играчи во тимот кои постојано преземаат одговорност и не се кријат на теренот.

– Не велам дека статистиката на Гарначо е неверојатна оваа сезона, но во поглед на влијанието кое го има кога е на теренот, тој е еден од најдобрите во нашиот тим. Никогаш не му недостасува желба и енергија, секогаш игра со полн гас и го дава максимумот на теренот.

– Има мадиња и постојано ја бара топката, ја бара топката на секое место од теренот. Има верба и карактер, а во ситуација во каква сме во моментов, тој е еден од играчите кои не се кријат на теренот. Коментари како оној на Рој дека не може да му се верува, тоа е тешко за едно младо момче. Сфаќам дека Рој навистина го мисли тоа, но ако погледнете дека немаме други алтернативи, не гледам кој би можел да понуди повеќе од него, – анализира Фердинанд.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни