Поврзете се со нас

Англија

Фердинанд загрижен за англиската ѕвезда која целосно потфрли: Се надевам дека нема да се повтори случајот „Верон“

Објавено

на

Foto:instagram.com/rioferdy5/?hl=en

Англија не брилјираше против Србија и доста играчи добија критики за своите изданија, но јавноста посебно му се нафрли на Фил Фоден кој изгледаше непрепознатливо на премиерата во Германија.

Најдобриот играч во Премиер лигата беше невидлив против Србите и уште еднаш покажа дека доста се мачи кога не игра со клупските соиграчи од Манчестер Сити, а Рио Фердинанд искрено се надева дека тој нема да се претвори во случај „Себастијан Верон“.

– Фоден мора да излезе и да истапи на теренот, мора да го поправи својот говор на телото. Мора да ја бара топката и да добие на авторитет кај соиграчите од репрезентацијата. Мора играчите да почнат да му веруваат.

– Фил мора да почне да доминира и да игра со самодоверба какошто тоа го прави Белингам. За жал, вакви ситуации сум гледал во фудбалот и имало слични примери како овој на Фоден.

– Го имам видено ова и во Јунајтед. Ние купивме ѕвезда како Верон во моменти кога Кин доминираше во нашиот реден ред. Верон беше неверојатен фудбалер, фановите никогаш нема да го заборават, тој беше играч кој ја сакаше топката и кој наметнуваше ритам. Но, и покрај сите квалитети, Кин беше тој што доминираше во Јунајтед.

– Подобро ја познаваше средината и знаеше како да се изрази на теренот. Се надевам дека на Фил нема да му се случи тоа што му се случи на Верон во Јунајтед, – вели Фердинанд.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни