Англија
Фердинанд за последниот потег на Ретклиф: Се надевам дека ќе биде идентично брутален и кон неколку играчи
Манчестер Јунајтед прилично лесно се ослободи од Дан Ешворт и реши да се раздели со директорот со кој преговараше со месеци, но и човек за кој мораше да плати отштета од 3 милиони фунти на Њукасл.
Човекот од доверба на Сер Џим Ретклиф се претвори во уште една лоша инвестиција на клубот од „Олд Трафорд“, бидејќи краткотрајната соработка од пет месеци само потврди дека имало огромна разлика во ставовите меѓу спортскиот директор и останатите најблиски соработници на британскиот бизнисмен.
Ретклиф реагираше без премногу чувства и експресно ја заврши приказната на која тој инсистираше, па сега Рио Фердинанд се надева дека косопственикот ќе биде исто така бесчувствителен и кон неколку играчи од првиот тим.
– Се надевам дека водечките луѓе на клубот ќе бидат брутални како што беа со Ешворт. Се надевам дека ќе бидат исто брутални со неколку срање играчи во првиот тим.
– Сите можеме да наброиме по еден играч за кој сметаме дека местото не му е во првиот тим на Јунајтед, има играчи кои предолго добиваат шанси и мора да се биде брутален и со нив. Мора да си заминат од клубот што е можно поскоро, – инсистира Фердинанд без да именува на кого мисли.
-
Светски првенства12 часа
Австрискиот селектор Пајовиќ пред дуелот со Македонија: Имам добро чувство
-
Свет21 час
(Не)очекувана одлука: Нејмар го избрал клубот во кој ќе ја продолжи кариерата
-
Светски првенства11 часа
Одработен завршниот тренинг пред Австрија: Лазаров ги пренесе идеите, ракометарите треба да ги спроведат на дело (Фото)
-
Репрезентација21 час
Капитенот игра во страшна форма: Кузмановски го изедначи рекордот на Лазаров
-
Англија13 часа
Аморим откри каква кратка порака добил од Фергусон при средбата на теренот
-
Англија11 часа
Историски трансфер: Гвардиола доби нов стопер вреден 50 милиони евра (Фото)
-
Италија20 часа
Малдини испратил специјален подарок за Ернандез (ФОТО)
-
Шпанија13 часа
Симеоне „ископа“ изјава на Анчелоти во која Италијанецот зборува за судиски одлуки во корист на Реал (Видео)