Поврзете се со нас

Англија

Фердинанд за најпотценетиот играч на Јунајтед: Навистина ми е жал за него

Објавено

на

Foto:instagram.com/rioferdy5

Манчестер Јунајтед изгледа турбулентно и неорганизирано и под водство на Рубен Аморим, па можеби и уште поконфузно од времето кога менаџер беше Ерик Тен Хаг.

Лошата и неинвентивна игра прави да се поставуваат многу прашалници околу безброј фудбалери од првиот тим, но ако постои еден кој може да се пофали со добри бројки, тоа е Бруно Фернандеш.

Бруно и оваа сезона има двоцифрен број на голови и асистенции, а бидејќи често знае да се најде на удар во јавноста, Рио Фердинанд сега реши да застане во брутална одбрана на капитенот на Јунајтед.

– Сметам дека Бруно е фудбалер кој добива огромно непочитување. Мислам на сите оние зборувања дека не е материјал за капитен, луѓето ги гледаат само негативните работи околу него. Откако е во Јунајтед, тој постигна 28 голови и 18 асистенции во првата сезона. Потоа имаше 10 голови и 13 асистенции во втората, а во третата 14 голови и 13 асистенции. Сега има 10 голови и 12 асистенции, а тоа мене ми укажува само на едно: континуитет!

– Овој човек секогаш испорачува добри бројки и навистина ми е жал за него. Често знае да биде прозиван поради говор на телото, или за некаков однос кон соиграчите кога покажува фрустрација. Тоа го прави бидејќи не добива помош од соиграчите. Ниту еден играч нема креирано повеќе во Премиер лигата откако тој е во Јунајтед, дури ниту Кевин Де Брујне.

– Тој има креирано повеќе шанси од било кој друг играч, очигледно е дека клубот не успеа да доведе доволно добри фудбалери како него. Бруно понекогаш се наоѓа на необични позиции на теренот како последица на лошо завршена работа од некој соиграч, па затоа знае да се вели дека не си стои на своето место, – објаснува Рио.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни