Поврзете се со нас

Англија

Фердинанд за најголемата трансфер утка на Јунајтед: Секојпат кога постигнува гол, ми доаѓа да повратам (Видео)

Објавено

на

Foto:instagram.com/rioferdy5

Големите легенди на Манчестер Јунајтед во изминатите неколку години можеа да бираат низа фудбалери кои се сметаат за најголеми промашувања, но според Рио Фердинанд клубот од „Олд Трафорд“ најголемата трансфер утка ја имаше минатиот летен преоден рок.

Рио уште на самиот старт на трансфер пазарот не можеше да ја сфати индолентноста и незаинтересираноста на „црвените ѓаволи“ за Хари Кејн, напаѓач кој беше следен и скаутиран неколку години, но за кој на крајот не беше испратено ниту официјална понуда.

Англискиот голгетер заврши во Баерн Минхен и има нестварен старт на авантурата во Бундеслигата, каде изминатиот викенд постави рекорд и го постигна својот 17-ти гол на 11-от натпревар во елитата.

– Хари го постигна својот трет хет-трик во Германија. Секојпат кога гледам дека Хари постигнал гол и го завршува мечот со топката во раце и со хет-трик, ми доаѓа до повратам.

– Навистина се уште се прашувам зошто? Зошто не тргнавме по него. Зошто не го донесовме во Јунајтед? , – гласи прашањето кое сигурно нема да му биде одговорено во скоро време.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни