Англија
Фердинанд за „фен“ третманот на Ферги: Ги паметам зборовите со кои го расплака Роналдо
Документарецот на „Би-Би-Си“ насловен „Сер Алекс“ премиерно се емитуваше за време на „Боксинг деј“ и истиот привлече големо внимание во англиската јавност, пред се поради фактот што се опишани интересни моменти од славната кариера на неповторливиот менаџер на Манчестер Јунајтед.
Фергусон одбележа една незаборавна ера и изгради фудбалска династија во Манчестер Јунајтед и Премиер лигата, а какво влијание имаше врз клубот најдобро говори огромниот пад кој го бележат „црвените ѓаволи“ по неговото заминување.
Популарниот Ферги беше пример за тоа како треба да функционира еден тим исполнет со ѕвезди, каде егата на големите фудбалери никогаш не беа поголеми од амбициите на неговиот тим.
Тоа е една од темите кои се потенцираат во најновиот документарец, а од кој дел е и Рио Фердинанд како сведок на низа број настани од соблекувалната на Јунајтед.
Фердинанд се обиде да потсети дека ниту еден играч во соблекувалната не бил поголем од клубот и менаџерот, па така жесток третман добил и неверојатниот Кристијано Роналдо.
– Се сеќавам дека имавме гостување во Португалија и Роналдо не одигра добро. Тој беше доста млад и се обидуваше да направи разлика на свој начин. Тоа беше натпревар против Бенфик, а шефот Фергусон бесно му се втурна во лице.
– Ги паметам зборовите со кои го расплака Роналдо: Што се замислуваш дека си ти? Дојде тука за да им покажеш на сите кој си, дали мислиш дека си суперѕвезда?
– После ова, го видов Роналдо како плаче во соблекувалната. Во тој момент си помислив дека менаџерот не се грижи кој има пред себе. Од оваа гледна точка, таквиот пристап беше добар за Роналдо. Кристијано стана тоа што стана и поради такви моменти. Менаџерот можеше да биде фин и мек кон него, но требаше да биде остар за да го однесе на повисоко ниво, – потенцира Фердинанд.
-
Светски првенства21 час
ИХФ треба да измисли фер-плеј награда за Де Варгас: Шпанскиот голман воодушеви со својот потег на СП (Видео)
-
АТП19 часа
Зверев за блокбастер дуелот Ѓоковиќ-Алкарас: Досаден меч (Видео)
-
АТП15 часа
Ѓоковиќ освои луд поен на сет топка и предизвика лудница во Мелбурн (Видео)
-
Репрезентација10 часа
Лазаров: Момците покажаа дека знаат како се игра и против „досаден“ ривал
-
Англија21 час
Карагер шокиран: Аморим направи една од најбизарните работи во историјата на фудбалот
-
АТП14 часа
Ѓоковиќ имаше негатива, па го преслуша Алкарас за полуфинале во Мелбурн
-
Германија18 часа
Реал Мадрид дефинитивно се повлекол од преговорите со ѕвезда на Баерн
-
Светски првенства18 часа
Ване за потегот на Перез Де Варгас: Доказ дека ракометот се уште е џентлменски спорт