Поврзете се со нас

Европски првенства

Фердинанд врши притисок врз Саутгејт: Ако не стартува, си заминувам дома (Фото)

Објавено

на

Рио Фердинанд како стручен аналитичар ги следи натпреварите на Европското првенство во Германија, но сега реши да изврши притисок врз Герет Саутгеј кога е стартната постава во прашање.

Селекторот направи една измена на последниот меч со Словачка и предност му даде на Коби Маино на местото на повредениот Конор Галагер, а ова се очекува да биде единствената дилема и за четвртфиналето со Швајцарија.

Со оглед на тоа што фудбалерот на Челси се опорави, така растат шансите да се врати во првиот тим, но има и такви кои уверуваат дека Маино се изборил за стартерско место.

Рио Фердинанд се надева дека талентот на Јунајтед ќе остане во стартните 11, или во спротивно предвреме ќе го напушти турнирот во Германија.

– Ако Коби не стартува, си заминувам од Германија! Мора да стартува……, – порача Рио.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни