Поврзете се со нас

Англија

Фердинанд воодушевен од двајца играчи на Јунајтед: Додека правев интервју со Тен Хаг, тие одработуваа дополнителен тренинг

Објавено

на

Рио Фердинанд во своето последно обраќање на својот јутјуб канал говореше за атмосферата во Манчестер Јунајтед и воглавно во Карингтон центарот, но додека даваше добри коментари за мирот кој владее во кампот на Ерик Тен Хаг, не пропушти да пофали две актуелни ѕвезди од првиот тим.

Поранешниот дефанзивец на „ѓаволите“ им откри на фановите дека двајца играчи навистина му го стоплиле срцето со своето однесување по завршениот тренинг, бидејќи тие биле единствените кои останале на теренот дополнително да работат по предвивдените обврски.

Станува збор за Бруно Фернандеш и Маркус Рашфорд, па иако овој вториот мина низ нависитна тежок период во последно време, Фердинанд смета дека на неговото лице повторно видел насмевка која навестува некои подобри времиња.

– Ерик Тен Хаг секогаш е многу мирен и навистина ми се допадна тоа што го видов во тренинг центарот пред неколку дена. Целото опкружување е навистина добро.

– По завршениот тренинг, видов двајца играчи како се смеат, како се предизвикуваат на дополнителен тренинг, како се шегуваат еден со друг. Тоа беа Бруно и Маркус. Морам да ви признаам дека ми го стоплија срцето. Зборувавме многу за Рашфорд во последно време, кај него треба да видиме насмевка за да го добиеме тоа што сакаме. Во еден момент го прекинав интервјуто и реков на глас „ова е Рашфорд што сакам да го гледам секој викенд“! Ерик ми возврати со следните зборови „Ова е Маркус што го гледаме секој ден, ние сме навикнати да го гледаме ваков“….., – откри Фердинанд.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни