Поврзете се со нас

Англија

Фердинанд воодушевен од Белгиецот: Де Брујне изгледа игра снукер во слободно време

Објавено

на

Манчестер Сити оствари драматична победа со пресврт на дуелот со Њукасл, а дополнително задоволство за фановите на англискиот шампион беше и фантастичниот камбек на Кевин де Брујне.

Белгиецот се врати со гол и клучна асистенција, а целиот епилог предизвика интересна реакција и кај Рио Фердинанд.

– Пеп Гвардиола ретко реагирал на случувањата на теренот како што тоа го правеше денеска.

– Ќе ви кажам една работа, тој се врати, Де Брујне се врати и покажа дека е дијамантот на круната на Сити.

– Повеќето фудбалери во оваа ситуација би ја префрлиле топката пред да шутнат. Тој виде агол, каков агол не ми е јасно, мора да игра снукер во слободно време, – изјавил воодушевениот Фердинанд коментирајќи го голот на Белгиецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни