Англија
Фердинанд убеден: Слот не е најдобар тренер во првиот дел од сезоната во Премиер лигата!
Рио Фердинанд привлекува најголемо внимание кога дава брутални коментари за актуелната состојба во Манчестер Јунајтед, но на својот јутјуб канал често има свои одлични соговорници, со кои се обидува да отвори и теми кои се интересни за пошироката англиска јавност.
Првиот дел од сезоната во Премиер лигата апсолутно мина во знакот на Ливерпул и менаџерот Арне Слот, но Рио интересно смета дека еден тренер добива поголеми заслуги за она што го направил во изминатите пет месеци.
Легендарниот дефанзивец на Јунајтед смета дека Енцо Мареска завршил далеку потешка задача на „Стемфорд Бриџ“, па затоа го бира менаџерот на Челси како најдобар во првиот дел од сезоната во Премиер лигата.
– Арне Слот е одличен, но за мене голема разлика прави тоа што Енцо Мареска успеа да среди тим кој изгледаше како циркус. Челси беше тим кој влегуваше од несреќа во несреќа, а Мареска успеа да го стабилизира тоа.
– За мене тоа прави огромна разлика, влијанието на Мареска е многу позначајно. Слот наиде на добро подготвен клуб, нема голема врева во клубот и наследи многу позитивни работи од Клоп.
– За Мареска беше целосно спротивното, затоа јас сум на негова страна. Имаше повеќе пожари за гаснење и одлично се справува со тоа. Ова е мое мислење и стојам зад него, – вели Фердинанд.
-
Англија18 часа
Манчестер Јунајтед го договорил првото засилување во ерата на Аморим
-
АТП12 часа
Мари: Ѓоковиќ може да биде најдобар спортист на сите времиња, ако…
-
Шпанија11 часа
Шоу на каталонците во Џеда: Барселона го надигра Реал и го грабна трофејот во Супер Купот на Шпанија (ВИДЕО)
-
Шпанија10 часа
Пике во свој стил го „поздрави“ Касилјас по „петардата“ на Барселона против Реал (ВИДЕО)
-
Репрезентација13 часа
Македонија со победа ги заокружи подготовките за настапот на СП
-
Македонија20 часа
Вардар се откажа од својот капитен, но и од искусниот Брдаровски
-
Германија14 часа
Шешко со „проектил“ ја „искина“ мрежата на Вердер (ВИДЕО)
-
Шпанија24 часа
Педри откри кои играчи на Барса се посебно наострени кога играат против Реал