Фердинанд сурово искрен: Има млади деца во училиштата…

rio-ferdinand1

Манчестер Јунајтед вчера повторно беше блед и изрежира уште еден катастрофален резултат откако пред своите гледачи со 2:0 загуби од тимот на Барнли.

„Ѓаволите“ ја играат најкатастрофалната сезона  во последните 30 години, а раководството на клубот засега нема намера да купува квалитетни играчи за дополнително да го засили составот.

Легендата на Манчестер Јунајтед, Рио Фердинанд остана разочаран по вчерашниот пораз и во студиото на „БТ Спорт“ даде еден поразителен коментар со кој се гледа дека полека се губи името Манчестер Јунајтед.

– Младите деца во училиштата ширум земјата нема да носат дресови на Манчестер Јунајтед. Нема да сакаат да дојдат овде и да го поддржат Јунајтед на основа на тоа што го гледаат. Тоа нема да се случи и е поразително, -изјави меѓу другото Рио Фердинанд.

Facebook Коментари