Англија
Фердинанд стравува од испаѓање: Јунајтед ќе биде фаворит на само еден натпревар до крајот на сезоната!

Рио Фердинанд веќе нема никаква надеж за напредок во тимот на Рубен Аморим до крајот на сезоната, па легендата на клубот веќе крои планови за тоа какви потешкотии носи распоредот до месец мај.
Стоперот кој освои шест премиерлигашки титули на „Олд Трафорд“ се измори да дава било какви позитивни и негативни коментари за играчите на Јунајтед, па сега се насочува кон најважното, односно опстанок во англиската елита во ситуација кога тимот падна на 15-то место на табелата.
– Манчестер Јунајтед навистина страда и е во големи проблеми во овој момент. Само Волвс и Вест Хем не двојат од местата кои водат во Втора лига, дали некој можеше да претпостави дека ќе завршиме тука? Некој изјави дека ни се потребни уште 11 бода за да бидеме целосно безбедни, па јас веќе почнав да мислам само на тоа, – вели Фердинанд, кој призна дека стравува од испаѓање.
– Кога сте во ваква ситуација, обично го гледате распоредот, ја гледате листата на натпревари која следи, а јас сум сериозен кога е ова во прашање.
– Евертон на гости, Ипсвич на домашен терен, а потоа следат Арсенал, Лестер, Нотингем Форест, Манчестер Сити, Њукасл, Волвс, Борнмут, Брентфорд, Вест Хем, Челси и Астон Вила. Единствениот меч на кој гледам нешто, на кој гледам победа е Лестер. Ги победивме неколку пати оваа сезона и им имаме фатено мерка. Кога ја гледате листата до крајот на сезоната, правите проекција за тоа каде би освојувале три бодови. Кога го гледам распоредот, не гледам натпревари на кои Јунајтед со сигурност ќе освојува три бода, – вели Рио.
-
Репрезентација16 часа
Белами: Свесни сме каква трагедија се случи во Македонија, сакам да знаете само една работа
-
Свет15 часа
Скалони му одржа лекција на Рафиња и потсети на една незаборавна слика од Меси и Нејмар (Фото)
-
Италија16 часа
Капело издвои двајца играчи на Јувентус на кои Тудор мора да им помогне: Мора да игра…
-
Формула 114 часа
Васер ја откри вистината за сомнителните тимски правила во Ферари
-
Шпанија14 часа
Арда има цврст став за својата иднина: Дојдов во Реал поради две причини
-
Свет16 часа
Ендрик се отвори: Тешко ми е да зборувам, се плашам…
-
Шпанија15 часа
Мончи: Ако го удрев Иско, веќе немаше да може да игра фудбал (Видео)
-
Свет15 часа
Малерозен период за Шпанецот: Пред еден месец откри дека се тужи со родителите, сега боледува од туберколоза!