Поврзете се со нас

Англија

Фердинанд со свој став за ситуацијата околу Роналдо: Не смеат да го направат тоа

Објавено

на

Некогашниот капитен на Манчестер Јунајтед, Рио Фердинанд има свој став поврзан со Кристијано Роналдо.

Португалецот го навлече гневот на навивачите и управата на клубот откако со сите сили се обидуваше да си замине, па токму затоа ги пропушти и подготовките на клубот.

Според многумина, Јунајтед треба да се ослободи од Роналдо, но Рио не смета така и истакна дека клубот мора да го зачува својот најдобар играч од минатата сезона. Притоа Фердинанд го критикуваше Тен Хаг зошто го  оставил Роналдо на клупата за резерви против Брајтон.

– За еден играч најлошо нешто е да го ставиш на клупа и тој да чека да влезе во игра. Доколку е толку важен ќе започнеш со него и ќе му кажеш дека има 45 минути да направи тоа што може да го направи. Роналдо е  доволно искусен да најде ритам во текот на натпреварот, треба да верувате во ваквите момци.

– Манчестер Јунајтед не смее да дозволи тој да си замине. Каде на друго место ќе најдат играч кој може да даде 24 голови? Не треба да влегуваат во преговори, тој не смее да оди никаде, -јасен беше Рио Фердинанд.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни