Поврзете се со нас

Англија

Фердинанд со порака до навивачите на Ливерпул: Треба да му се обратат на Трент само со една реченица (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/LFC

Трент Александер Арнолд се најде на удар меѓу навивачите на Ливерпул поради тоа што протече вест дека е пред договор со Реал Мадрид за летен трансфер во „кралскиот клуб“, вест која се повеќе добива на значење во Англија и од страна на добро информирани експерти и некогашни фудбалери.

Рио Фердинанд преку својот поткаст си даде за право да ја коментира спорната ситуација која настана во Ливерпул, со тоа што овојпат јасно избра страна и застана во одбрана на англискиот репрезентативец.

Легендата на Манчестер Јунајтед не може да ги разбере оние навивачи на Ливерпул кои го навредуваат Трент во изминатите неколку дена, а притоа потенцира дека добар дел од вината за ваквиот расплет на настаните оди и кај раководните структури на клубот.

– Навивачите на Ливерпул треба да се му се обратат со една реченица: Ти благодарам и со среќа! Клубот не плати ниту еден цент за Трент, тој дојде од школата и освои се што може да се освои. Ова момче беше тука за тимот цело ова време, беше еден од најодбрите и еден од најпродуктивните во најдобриот период на клубот во поновата историја.

– Поради тоа што не оди во ривалски клуб и што го бира најголемиот клуб во светот, сите фанови треба да велат „Сакам да остане, но секоја чест за тоа што го направи“. Треба да му се аплаудира и да се третира како херој кога би се вратил за некои 15 години. Исто така, ова не е целосно негова вина, клубот мора да преземе одговорност, тие дозволија играчот да дојде до оваа точка од сезоната без потпишан договор, – потенцира Фердинанд.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни